![]()
На 6 февруари 2026 официјално беа прославени меѓу хоровите на светителите 16 романски светителки, кои и досега биле почитувани од верниот народ и од Бога прославени со свет живот, подвизи и чуда. Романската црква е жива Црква со многу цркви и манастири, со многу свештеници и монаси, пустиножители и многуброен верен народ кој си ја сака верата и Светата Црква. Оваа Црква помина низ огнената печка на страданијата и од крвта на мачениците, како и од солзите на преподобните монаси и монахињи никнаа многубројни цветови кои ја красат Романската црква и целото Православие.
Романскиот Патријарх Даниел во својата беседа го кажа следново:
„Низ историјата, романските свети жени ни покажаа дека патот кон светоста не зависи од припадноста кон одредена општествена категорија, туку од соработката меѓу човечката личност и божествената благодат. Овие новопрославени романски свети жени покажуваат дека Романската православна црква отсекогаш била благословена со побожни и посветени жени, кои „водеа добра борба за верата и го завршија нивното земно патување во светост“ во многу форми на служење: некои беа мајки на деца кои станаа светители, кои ги жртвуваа своите животи преку љубовта и пожртвуваноста во семејството, христијанското општество и заедница: маченици кои ја одбранија Православната вера со нивната крв; монахињи кои живееја во аскетски борби, смирение, пост и непрестајна молитва во манастирите и во дивината; жени исповедници кои претрпеа гонење заради името Христово; и жени на романски војводи (принцези) или владетели кои ја поддржуваа Црквата и романскиот народ…“















Во продолжение следат имињата на новите светителки:
1. Господарка Марија Бранковеану (1661-1729), сопруга на светиот војвода и маченик Константин Бранковеану, а нејзиниот свет спомен ќе се слави на 16 август.
2. Схимонахиња Филотеа Антонеску (Пасаренска) од манастирот Пасареа (родена во средината на 18 век, а упокоена во 1833), мајка на светиот Калиник од Черника, а нејзиниот свет спомен ќе се слави на 12 април.
3. Преподобна маченичка монахиња Евлогија Тарлеа од манастирот Самуркасешти-чиорогарла (1908-1949), а нејзиниот свет спомен ќе се слави на 19 декември.
4. Схимонахиња Елисавета (Елизабета Пасаренска) Лазар од манастирот Пасареа (1970-2014), а нејзиниот свет спомен ќе се слави на 05 јуни.
5. Монахиња Платонида Арџешка (1487-1554), сопруга на светиот војвода Неагое Басараб, со световно име Деспина Милица), а нејзиниот свет спомен ќе се слави на 26 септември.
6. Мандалина Каталиничи (1895-1962), канонизирана како света Магдалина од Малаиница, а нејзиниот свет спомен ќе се слави на 15 октомври.
7. Схимонахиња Мавра од планината Чехлау (17-18 век), а нејзиниот свет спомен ќе се слави на 04 мај.
8. Схимонахиња Назарија, прва игуманија на манастирот Варатек (1697-1814), а нејзиниот свет спомен ќе се слави на 17 август.
9. Схимонахиња Олимпијада, основачка на манастирот Варатек (1757-1842), а нејзиниот свет спомен ќе се слави на 17 август.
10. Олимпија Танасе (1880-1967), мајка на преподобен Петрониј од скитот Продромос (Атос), а нејзиниот свет спомен ќе се слави на 04 јули.
11. Бландина Гобжила (1906-1971), учителка, депортирана во Сибир на 15 години, канонизирана како света Бландина Исповедничка за верата од Јаши, а нејзиниот свет спомен ќе се слави на 24 мај.
12. Монахиња Елисавета (Сафта) Бранковеану (1776-1857), а нејзиниот свет спомен ќе се слави на 17 август.
13. Анастасија Шагуна (1785-1836), мајка на светиот ерарх Андреј Шагуна, а нејзиниот свет спомен ќе се слави на 1 декември.
14. Монахиња Филотимија Манолаче од манастирот Рамец (1896-1989), мајка на свети Дометиј Милостив од Рамец, а нејзиниот свет спомен ќе се слави на 6 јули.
15. Монахиња Антонина Диакону (Тисманска) од манастирот Тисмана (1923-2011), а нејзиниот свет спомен ќе се слави на 23 декември.
16. Монахиња Матрона Чупелеа, игуманија на манастирот Хурези (1852-1935), а нејзиниот свет спомен ќе се слави на 05 мај.
По нивните свети молитви да чекориме и ние по нивниот пример. Амин.