![]()
Икона – слика.
Исус – Спасител.
Имјарек – „кажи го името“. Во некои молитви треба да се спомене името на оној за кого се молиме, па пишува во заграда или со црвени букви „имјарек“, т.е. овде кажи го името.
Израил – оној кој се бори со Бога. Избраниот народ, од кој се родил Спасителот, Господ Исус Христос.
Копје – богослужбен предмет, кој служи за сечење на лебот на Проскомидијата.
Крепост – сила, цврстина.
Крест – крст.
Крштение, крштевање – Ваптизо (гр.), потопувам во вода, прво и основно Свето таинство со кое влегуваме во Црквата, стануваме христијани и добиваме име. Во ова таинство добиваме благодат за обнова на нашето од грев повредено битие. Крштението означува земање и носење на крстот Христов. Крштевање и именување се две различни нешта, и не треба да се мешаат. Се крштева само жив човек, а на животните и предметите им се дава име, т.е. се именуваат, нарекуваат.
Крестниј – кум, оној кој крштева.