Тројство, Тројца, Троица

Spread the love

Loading

Свештеник Јани Мулев

Македонскиот јазик не е многу богат, бидејќи се откажавме од нашиот класичен јазик – црковнословенскиот, па поитавме кон позајмување на туѓи зборови, претежно од англискиот јазик, и дојдовме до тоа, да се откажеме од своите изворни зборови и да ги замениме со туѓи и неразбирливи.

Во овој случај кога се работи за Бог, нашите свети и боговдахновени преведувачи светите Кирил и Методиј ни овозможиле, сепак, да имаме конкретни зборови, за разлика од многу други јазици. Па така, кога се зборува за Бог често слушаме Свето Тројство, Света Троица, Свети Тројца. Има ли разлика во овие термини и дали е правилно да се користат сите кога се зборува за Бог?

Поимот Свето Тројство доаѓа од протестантските кругови и тој е превод од англиски, а бидејќи протестантите се познати по својата површност во сфаќањето на верата, не е ни чудо што го прифатиле овој термин за Бог. Тројство означува група, збир од три предмети кои одат заедно. На пример, кромид, морков и лук е тројство за во секоја манџа. Во пандемијата лекарите велеа дека свето тројство е маската, вакцината и миењето раце. Зимско тројство е капа, шал и ракавици – три предмети кои одат заедно. Во животот има многу такви примери. Битно е да се нагласи дека овој термин „тројство“ се однесува исклучиво на три предмети. Никогаш на личности.

Свети Тројца ги нарекуваме трите велики светители Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст – три одделни личности, кои имаат заеднички празник. Поимот Тројца се однесува искучиво на личности, и тоа на три различни и одделни личности. Затоа никогаш не зборуваме за Бог како Тројца, туку Тројца се однесува на три различни и одделни личности.

Света Троица е поим кој се однесува исклучиво и единствено на Бог и затоа нема потреба да се членува. Три неразделни Личности, но едносушни, со една суштина. Три Личности, а еден Бог. Самиот поим БОГ е именка од три букви, за да нѐ упатува кон тоа дека кога зборуваме за еден Бог, всушност истовремено зборуваме за Трите Личности – Отецот и Синот и Светиот Дух.

Жално е кога самите свештеници не прават разлика во овие термини, па кога зборуваат за Бога и го нарекуваат Свето Тројство, го деградираат на ниво на предмети.

Незнаењето е грев кој не се простува.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Content is protected !!