Што значи да сакаш некого?

Spread the love

Loading

Никита Кафкиос, психолог

Кога сакаме некого, тоа не значи дека престануваме да му се лутиме, дека нема да се разочараме од него или дека неговото однесување нема да нѐ повреди.

Можно е да го сакаме нашиот сопружник, а истовремено да ни биде тешко да прифатиме некои работи што ги прави или ги кажува.

Љубовта не нѐ ослободува од тешките чувства. Таа нѐ повикува да ги разбереме и да научиме да се справуваме со нив со поголема свесност.

Колкупати, наместо да кажеме: „Ме повреди“, велиме: „Ти никогаш не ме разбираш“?

Наместо да признаеме дека се плашиме да не го изгубиме другиот, стануваме сомничави, премногу бараме од него и му вршиме притисок.

И така, она што во нас започнало како страв или болка, на крајот станува причина за расправија.

Потребна е храброст за да зборуваме за она што нѐ повредува, без притоа да го напаѓаме другиот. Да ја признаеме својата љубомора, да го изразиме своето разочарување, да кажеме дека ни се потребни повеќе внимание и грижа.

Да научиме да ја слушаме болката и поплаките на другиот, без веднаш да брзаме да се оправдуваме или да ја префрламе вината врз него.

Никој од нас не постапува секогаш правилно.

Ќе кажеме зборови што повредуваат, ќе се браниме, ќе се затвораме во себе. Но, важно е да умееме да ја препознаеме својата грешка, да побараме прошка и повторно да му пристапиме на другиот.

Љубовта се покажува и во начинот на кој се однесуваме кон слабостите еден на друг.

Кога постојат искреност, разбирање и подготвеност да го исправиме она што нѐ повредува, дури и тешките моменти можат уште повеќе да нѐ зближат.

Во судирот може да се роди и поголема љубовна блискост.

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!