![]()
Архимандрит Емилијан Симонопетриски (†)
Многумина, не познавајќи ја црковната антропологија, ги замислуваат христијаните како да не се луѓе. Затоа и очекуваат од нив да бидат без гревови, без слабости, без падови; сакаат да бидат неранливи.
Световниот човек може да направи безброј гревови, а на тоа никој не обрнува внимание. Но, кога некој монах или свештеник ќе направи еден грев, тоа веднаш добива публицитет.

Се разбира, причина за тоа е злобата што ја носат во себе, како и нивната изопачена настроеност против Црквата. Но, причина е и нивното незнаење, бидејќи никогаш не се подвизувале, никогаш не воделе духовна борба, никогаш не спознале што значи Божјата милост, никогаш не се соочиле со своите страсти и со сопствената гревовност.
Живеат во некаков замислен свет и мислат дека христијаните не се луѓе како нив.
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев