![]()
Отец Јоан Истрати
Една жена останала бремена.
Бременоста се одвивала нормално. Стомакот ѝ бил прилично мал, а бебето мрдало и клоцало.
Во петтиот месец од бременоста дошло до закана од одлепување на плацентата, проследена со обилно крвавење.
Гинекологот од Јаши ѝ рекол:
– Извадете го бебето, бидејќи има само пет проценти шанси да преживее.
Жената му одговорила:
– Попрво ќе умрам, отколку да дозволам да ми го извадите детето!
Лекарот ѝ рекол:
– Жено, зарем си полудела? Детето треба да плива во плодовата вода, а кај тебе воопшто ја нема. Твојата бременост е како издишана топка. Бебето мора да се извади. Ако се повтори уште едно вакво крвавење, ќе умреш!

Жената, со солзи во очите, му одговорила:
– И илјада пати да треба да умрам, попрво ќе умрам отколку да дозволам да ми го извадите детето!
Лекарот, поцрвенет од гнев, извикал:
– Какви глупави луѓе сте ми донеле овде, пред лекарскиот тим?!
А потоа ѝ рекол:
– Добро, госпоѓо, тогаш немојте воопшто да станувате од креветот!
Подоцна жената отишла кај гинекологот Гафар, од градот Таргу Њамц.
Овој богопросветлен човек ѝ рекол:
– Задржи го детето! Ако лукавиот толку сака да го погуби, тогаш сигурно од него ќе израсне свештеник, писател или некој значаен човек!
И отец Пајсиј од Сихла ѝ рекол на оваа жена:
– Осенувај го својот стомак со крсниот знак стотици пати и детето ќе преживее!
Бебето, кое немало ни плодова вода во која би можело да се движи…
Неговата мајка, со рака положена на крстот, сведочи дека го слушнала како плаче во нејзината утроба.
Некои велеле дека звукот доаѓал од воздухот што поминувал низ прозорецот и создавал звуци слични на човечки глас. Но мајка ми вели дека, дури и на смртната постела, ќе сведочи дека го слушнала своето дете како плаче во нејзината утроба.
И така, на 8 февруари, се родило едно здраво, буцкасто и румено бебе, кое со својот силен плач ги заглушило лекарите.
Тоа бебе сум јас.
„Ти ги целивам рацете, мајко!“
Сведоштво на отец Јоан Валентин Истрати