![]()
Отец Пимен Светогорец (Влад)
Драги мои, да внимаваме многу на тоа што им го покажуваме на нашите деца, а не само на тоа што им го зборуваме. Зашто, можеме со часови да им зборуваме за Бога, за чесноста, за почитта и за добрината, но ако дома го гледаат токму спротивното, што ќе разберат од сето тоа? Ги учиме да не лажат, а тие нè слушаат како лажеме. Бараме од нив да бидат воспитани и да ги почитуваат другите, а ние го губиме трпението за секоја ситница. Ги поттикнуваме да се молат, а можеби никогаш не нè виделе искрено да клекнеме на молитва пред некоја икона. Ете, гледате, драги мои, децата многу повеќе учат од нашиот начин на живот отколку од нашите зборови.

И не мора да бидеме безгрешни родители. Тоа не е ни возможно. Но, колку е убаво кога таткото или мајката ќе имаат смирение да му кажат на своето дете: „Прости ми, и јас згрешив!“ Со тоа не го губиме родителскиот авторитет, туку му покажуваме на детето дека човек треба да ги признава своите грешки, без разлика на возраста.
Да не ги воспитуваме децата само со наредби и забрани, туку и со љубов, со трпение и со сопствениот пример. Нека нè гледаат како чесно работиме, како си стоиме на зборот и како не се срамиме од својата вера. Зашто, по многу години можеби ќе заборават голем дел од нашите совети, но начинот на кој сме живееле покрај нив ќе остане длабоко врежан во нивните души.
Бог да ни даде мудрост, за да бидеме за нашите деца не само родители, туку и добар пример што ќе го следат во животот.
Превод од англиски јазик: Свештеник Јани Мулев