![]()
До кога секогаш ќе го гледаш само негативното?
До кога ќе плачеш поради грешките од минатото?
До кога ќе велиш: „Тажен сум“, кога пред тебе има толку многу простор и толку многу решенија?
До кога, наместо да ја земеш бројаницата за молитва, ќе ги гледаш „вестите“ на телевизија или на мобилниот телефон?

До кога ќе живееш еден беден и тесен живот, без соништа, исполнет со горчина и огорченост? Исполнет со поплаки и црни мисли?
Стани сега од столот!
Излези на прошетка во природата!
Подари насмевка и убав збор!
Дај прв и не чекај ги другите! И не брои колкупати си дал!
Стани ти бескраен!
Вечен!
Научи да бидеш Христов, а не на своето его!
Старица Софронија
Свештен манастир „Света Троица“, Акрата
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев