![]()
Митрополит Филип Салиба
„Не барам од вас да се одречете од сопствената историја и од сопствената култура. Она што го барам е да ги соедините старата и новата култура во една целовита стварност.
Не сум против етницизмот, доколку под етницизам се подразбира враќање кон духот на пустинските отци, сириските отци, грчките отци и словенските отци. Но, ако етницизмот подразбира тесен и фанатичен гето-менталитет, кој нè разделува едни од други, тогаш решително сум против таквиот етницизам.

Мисијата на Црквата не е да му служи на каков и да е национализам. Мисијата на Црквата е спасението на душите — на сите души.
Во своето Послание до Галатјаните, светиот апостол Павле вели: ,Нема веќе ни Јудеец ни Елин, ни роб ни слободен, нема машко ни женско; зашто сите вие сте едно во Христа Исуса‘ (Гал. 3, 28)“.
(Етницизам – вреднување и толкување на појавите низ призната на етничката припадност)
Извадок од беседата на митрополитот Филип Салиба, во Неделата на Православието, 1984 година.
Превод од англиски јазик: Свештеник Јани Мулев