Јас, пак, сакам, вие да бидете без грижи

Spread the love

Loading

Никита Кафкиос

Сакај го својот ближен, но помни дека тој не ти припаѓа.

Радувај им се на убавите мигови, но знај дека тие не можат да траат засекогаш.

Плачи кога те боли, но никогаш не верувај дека болката ќе трае вечно.

Труди се, стекнувај и создавај, но не ја поврзувај својата вредност со она што го држат твоите раце.

Апостол Павле во денешното апостолско четиво (1.Кор. 7,31–32) не нè повикува да не се радуваме, да не тагуваме, да не љубиме, да не создаваме семејство или да не го живееме животот. Тој нè повикува ништо од тоа да не го претвориме во идол на нашето срце. Зашто сè што станува идол, сè што се апсолутизира, порано или подоцна станува и извор на страв и несигурност.

Светот е скапоцен дар, но не е нашата конечна цел. Кога го забораваме тоа, почнуваме да бараме од привременото да ни подари вистинска радост. И тогаш се разочаруваме, зашто ниту еден човек, ниту едно земно добро и ниту еден успех не можат да нè издигнат до таа духовна и животна полнота.

Слободата се раѓа кога ќе научиш да го употребуваш сето она што ти е дадено, без да бидеш заробен од што било. Тогаш љубиш почисто, даруваш поискрено, се радуваш подлабоко и ја поднесуваш болката со поголема надеж.

Срцето наоѓа вистински спокој единствено кога се потпира на Оној Кој не минува, туку е Вистинскиот, над и отаде просторот и времето. Сè што е земно поминува. Божјата љубов никогаш не згаснува и на сè што е минливо и краткотрајно му ја дарува смислата и мирисот на вечноста.

И оние што се служат со земните нешта и на кој било начин се поврзани со светот, нека ја избегнуваат секоја неумерена наслада и злоупотреба, и нека се задоволуваат само со она што е неопходно. Зашто надворешниот изглед на овој свет постојано минува и исчезнува како сенка.

„Јас, пак, сакам, вие да бидете без грижи“ (1.Кор. 7, 31–32).

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!