Тешко ни е да бидеме присутни

Spread the love

Loading

Д-р Христос Кумарадиос

Колку повеќе работам со луѓе, толку помалку верувам дека најголемиот проблем во нашите односи е недостигот од комуникација.

На повеќето луѓе не им е тешко да зборуваат. Тешко им е да останат присутни кога она што го слушаат ги допира нивните најранливи страни.

Не слушаме само со ушите. Слушаме преку нашите искуства. Преку нашите спомени. Преку нашиот нервен систем.

Така, една едноставна реченица може да се доживее како отфрлање. Молчењето — како напуштање. Еден поглед — како закана.

И тогаш не се среќаваат двајца луѓе. Се среќаваат две приказни за преживување.

Верувам дека вистинската човечка зрелост не се гледа според тоа колку знаеш, ниту според тоа колку убедливо ги образложуваш своите ставови.

Таа се гледа во тоа дали можеш да останеш отворен и кога не се согласуваш. Дали можеш да слушаш без да се браниш. Дали можеш да создадеш чувство на сигурност — најнапред во себе, а потоа и во односот со другиот.

Можеби најважната вештина на нашето време не е да зборуваме повеќе.

Можеби е повторно да научиме да бидеме доволно присутни, за еден човек навистина да може да се сретне со друг човек.

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!