![]()
Ми се допадна, не ми се допадна; траеше многу долго; зборуваше премногу гласно; ништо не почувствував.
Така човекот ја оценува Литургијата — како да е производ. Веќе не доаѓа за да се исцели, туку за да биде задоволен.
Ако проповедта го повреди — си заминува. Ако му кажат дека треба да се промени — се вознемирува. Ако од него побараат трпение — бара друго место.
Заборавил дека Црквата не е театар, ниту духовен ресторан. Таа е болница. А во болница не се оди за да ти ракоплескаат, туку за да те исечат, да те исчистат, да те излекуваат.

Кој влегува во Црквата без смирение, излегува без исцеление.
Благодатта не дејствува според вкусот на човекот, туку според неговата рана. Но современиот човек веќе не сака да му се допре раната, затоа што боли.
Сака утеха без вистина, простување без покајание, причестување без исповед.
И кога не го добива она што го сака, вели дека повеќе ништо не чувствува.
Не е Црквата оладена. Срцето се затворило.
Болницата е истата. Лекарот е истиот. Лекот е истиот.
Но болниот ја одбива операцијата, па се чуди што болеста останува.
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев