![]()
Отец Хараламбос Ливиос Пападопулос
Еден миг на слабост не поништува денови, месеци труд. Еден погрешен избор не ги брише чекорите што си ги направил дотука.
Поголема грешка од твојата страст и твојот грев е твоето очајание. Поголема од гревот што си го направил е очајанието.
Често, по еден пад, не е страста таа што најмногу нè победува, туку разочарувањето. Оној внатрешен глас што шепоти дека сè е изгубено, дека трудот не вредел, дека повторно сме на почеток.
Но, тоа не е вистина. Тоа е лага. Огромна лага.
Човекот не се суди според тоа колку пати паѓа, туку според тоа колку пати станува. Ниту една голема борба не била добиена без рани, без назадувања, без мигови кога си мислел дека си го изгубил патот.

Бог не стои спроти нас како судија што ги брои нашите грешки. Стои како Татко Кој чека да станеме. Не Го изненадува тоа што си паднал. Го радува тоа што не си се откажал.
Не ја троши целата своја енергија бескрајно анализирајќи зошто се случило. Заморот, осаменоста, стравот, навиката, притисокот, раните на душата, многупати ни го заматуваат погледот. Најважно не е зошто си паднал. Најважно е што ќе направиш сега. Остави ги анализите и едноставно стани.
Стани.
Со твоите грешки.
Со твоите слабости.
Со твоите рани.
Стани и продолжи.
Зашто падот не е крајот на патот.
Крај е само кога ќе престанеш да одиш.
И запомни нешто:
Ти не си твојата страст.
Ти не си твојата грешка.
Ти не си најлошиот миг од твојот живот.
Ти си човек што се бори.
Чедо Божјо што се подвизува.
И додека се бориш, постои надеж.
Еден ден по еден.
Еден чекор по еден.
Едно воскресение по секој мал крст.
Ти си светлина — не се помрачувај.
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев