![]()
Блаженоупокоениот Митрополит сијатиски Павлос
Христос е радоста, вистинската светлина, среќата! Христос е нашата надеж!
Односот со Христос е љубов, воодушевување, копнеж на животот! Христос е сè! Тој е неотуѓива љубов.
Љубовта кон Христос. Оттаму извира радоста.
Христијанин е оној што го има животот Христов, а не оној што прави само добри дела, зашто добри дела прави и некој што не е христијанин. А животот Христов човекот го стекнува преку учеството во светотаинскиот живот на Црквата, а особено во Божествената Литургија.

Духовниот живот не значи добро однесување, туку присуство на Светиот Дух во животот на човекот.
Доживувањето на вистината на Православието би нè научило да го гледаме Бога во лицето на нашите браќа, да го почитуваме светот како дар Божји, да се свртиме од површината кон длабочината на нашето постоење; би нè водело кон пронаоѓање на еден нов, заедничарски и љубовен начин на живот.
Тоа би била единствената вистинска револуција што би можела да го промени ликот и животот на нашиот крај и на целиот свет.
Единствената вистина што би можела да му даде смисла на животот, единствениот излез во денешниот безизлезен свет.