Православието во интернет просторот

Spread the love

Loading

Митрополит Сава Испер

(Антиохиска црква во Северна Америка)

Знам дека многу луѓе доаѓаат до Православието преку интернет. На прв поглед, тоа е добро, а не лошо; тоа е еден начин човек да го запознае Православието. Но, кога сè што ќе слушнат, видат или прочитаат на интернет и на социјалните мрежи го примаат како апсолутна вистина, таквиот начин на живот или вера ги отсекува од телото на живиот Христос; зашто Црквата е Тело Христово. Затоа, кога добивам сè само преку интернет, јас се изолирам од Телото на живиот Христос.

Во меѓувреме, бидејќи интернетот е отворен простор, секој може да зборува за сè. Па како може еден човек од Новиот Завет, или дури и традиционален православен христијанин, роден и израснат во верата, да направи разлика меѓу учењето на Црквата и учењата на такви луѓе, деноминации, групи итн.? Тоа е многу тешко.

Православието, особено, не може да се живее само преку книги. Книгите се многу важни и многу корисни за човек да ја познае својата вера и да научи како да живее според неа, но потребен е духовен отец, духовен раководител, и потребно е да се живее во живото тело на Црквата. Тоа значи учество во Евхаристијата и во Светите Тајни, живот во заедница и градење односи со луѓето од својата парохија.

Превод од англиски јазик: Свештеник Јани Мулев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!