Искривување на црковниот живот

Spread the love

Loading

О. Филотеј Фарос

Мирјаните кои често одат во црква, многупати го попречуваат сведоштвото на Црквата во светот и обично токму тие се оние кои не поставуваат прашања и кои го осветуваат постојниот поредок. Понекогаш се појавуваат и некои мирјани кои од свештеникот бараат радикално христијанско сведоштво, но таквите се ретки. Нивното присуство често се должи на некаква борба за превласт меѓу членовите на црковната заедница, или пак може да биде израз на неодобрување кон црковната јерархија.

Мнозинството од оние кои одат во црква не се грижат за најсуштинските аспекти на животот на Црквата. Истото важи и за свештениците што тие ги поддржуваат, така што на еден свесен свештеник му е тешко да му служи на еден организам кој не е ништо друго освен продолжение на светот. Или негова тажна имитација.

Многу често црквите се огледала на светот, а не негови изобличители. Луѓето на Црквата повеќе се интересираат за своите световни интереси отколку за својата посветеност на Христос. Кога се случува тоа, Црквата го губи своето сведоштво и не успева во своето дело.

Обично оние кои редовно одат во црква сакаат свештеникот да биде нивни послушен црковен сметководител: здодевен, прекумерно побожен, и пред сè — никако да не отстапува од стереотипот. Тие го осудуваат секое негово суштинско вклучување во општествениот живот, бидејќи го сметаат за еден платен христијанин, кого го плаќаат за да ги избегнува оние застранувања што самите тие не сакаат да ги избегнат.

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!