![]()
Никита Кафкиос, психолог
На почетокот, заљубеноста личи на бајка. За да станеме привлечни, се претставуваме себеси како подарок — во убава обвивка, полна со ветувања. Ги покажуваме нашите најдобри особини и ги криеме нашите пукнатини, за да изгледаме достојни за љубов.
Но, времето го открива сето она што сме се обиделе да го сокриеме.
Во еден момент обвивката се изветвува. Се покажуваат слабостите, стравовите, раните, навиките што пречат.
Херојот од нашата лична бајка станува обичен човек — ранлив и несовршен. И токму во оваа фаза на болно приземјување или ќе дојде крајот на врската, или ќе почне да се гради вистинската љубов.
Не веќе како силно чувство што нè понесува, туку како свесен избор.
Избор да останеш близу до еден човек не поради она што си го замислил, туку поради она што тој навистина е. Да ја почитуваш неговата приказна, да ги издржиш тешкотиите, да застанеш покрај него без да бараш совршенство.

Кога ќе згасне привлечноста на идеализирањето, може да се роди нешто поскапоцено од заљубеноста: вистинската блискост.
Слободата да бидеш тоа што си — без страв, без маска, без вознемиреноста од постојана потреба за потврда.
Тогаш врската станува прибежиште, а не затвор. Тивок сојуз на двајца несовршени луѓе, кои го споделуваат својот живот, својата болка и својот молк.
Таквата љубов не остава впечаток. Не воодушевува. Не ветува чуда.
Таа се живее како заедница на души и тела, која го победува времето.
И ја преобразува првичната илузија во вечна стварност.
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев