Пред да примиш осветување…

Spread the love

Loading

Димитриј Панагопулос, свештенопроповедник

Ќе ја земеш светата вода од Црквата и ќе ја однесеш дома, но нема веднаш да влезеш внатре.

Ќе ја оставиш светата вода надвор и ќе влезеш во својот дом за да направиш „симнување од крстот“.

Да одиш и да ги извадиш кромидот и лукот што си ги закачил за Нова година за среќа во годината. Да одиш и да ги фрлиш, ако си жена, сите машки панталони и сето суеверие што си го закачила таму, па потоа ќе ја внесеш светата вода во својот дом, за да го освети. Инаку, што ќе одиш да осветуваш? Ѓаволот? Дали ѓаволот си оди? Не си оди, ако ти самиот не сакаш да го избркаш…

Христос во реката Јордан прими од свети Јован Претеча крштение на покајание, а не крштение на спасение. Крштението на покајание на Христос го симболизира таинството на покајанието и исповедта, таканареченото „крштение по крштението“. Затоа, кога Христос се крсти, веднаш излезе од водата, бидејќи немаше гревови.

Ние луѓето примаме крштение на спасение, а не на покајание. Едно е едното крштение, а друго е другото… Затоа погрешно нè обвинуваат инославните дека не го подражаваме Христос, односно дека не се крштеваме на 30-годишна возраст, туку вршиме крштевање на младенци. Впрочем, нека ни гарантираат инославните дека сите ќе достигнеме 30 години, па потоа ќе разговараме…

Христос не се крсти во вода, туку во крв. Спасителното крштение на Христос е во крв. Тоа е крвта што се пролеа при Неговото Распетие…

Според Светото Предание, свети Јован Претеча се нашол во пустината присилно, поради виша сила.

Поточно, кога бил уште бебе, а Ирод ги убивал сите деца под две години, неговата мајка Елисавета, за да го спаси од мечот на Ирод, го изнела тајно од својот дом.

И се вели дека кога се нашле на една планина и немало друг излез, а било само прашање на време кога војниците на Ирод ќе ги најдат, Елисавета направила кратка молитва, велејќи:

„Прими го, горо, детето и неговата мајка“.

Така, на чудесен начин се нашле од спротивната страна на планината, каде што била пустина.

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!