![]()
Свештенопроповедник Димитриј Панагопулос
Имаме луѓе со многу пари, кои извршиле самоубиство. Имаме луѓе со високи поцизии, кои завршиле во невролошки клиники. Имаме луѓе од „добри куќи“, кои се бескорисни и за самите себе и за својот ближен. Зошто ли е тоа така?
Затоа што луѓето во себе се „празни“… Во нивната душа го нема Христос. Човекот без Христос, што и да постигне во животот, ќе се чувствува празен; ќе чувствува дека секогаш нешто му недостига, секогаш ќе се чувствува незадоволен…
Приближете им се на такви луѓе и ќе видите дека немаат мир во себе, и иако секојдневно трчаат за да се задоволат, остануваат незадоволни.

Човекот кој не се грижи за својата душа е безумен и несреќен, па макар бил и паметен… безумен е! Безумен е затоа што не признава дека постои Бог, дека постои друг живот, дека постои смрт, дека постои Суд.
Оној што се грижи само за своето тело, а воопшто не за својата душа, личи на оној што ја товари приколката на својот автомобил само на едната страна. Еден ден ќе се преврти…
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев