Света (Божествена) и демонска енергија (дејство)

Spread the love

Loading

Митрополит Атанасиј Лимасолски

Знајте едно: кога на некое место се прави грев, тоа место се исполнува со демонска енергија, затоа што гревот е демонска енергија.

Значи, место каде што се извршува грев, место каде што се хули името Божјо, таму постои демонска енергија.

Свети Пајсиј ни раскажуваше дека, патувајќи со авион за Австралија, кога одеше во Австралија, заспал во авионот и во еден момент се разбудил од големо благоухание.

Целиот авион замирисал благоухано. Секако, старецот го разбрал тоа; не верувам дека другите го почувствувале.

Рекол: „Што е ова овде? Каде сме?“ Прашале каде се, и им рекле: „Над Египет“.

Биле над местата на светите подвижници: на великиот Антониј, Пахомиј, авва Сисој и други, и над Светите места.

Малку понатаму, повторно почувствувал демонска енергија, а поминувале над земји кои почитуваат други богови и имаат други божества. И старецот ја чувствувал таа демонска енергија и од местата и од предметите.

Како што го имаме знакот на Чесниот Крст, и каде што ќе се постави Крстот Христов, го благословува просторот, го осветува тоа место и испушта света енергија, така е и со демонските симболи.

И тие испуштаат демонска енергија, затоа се опасни и треба многу да внимаваме да немаме во нашиот дом такви демонски симболи.

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!