![]()
Отец Василиј Термос
„Дали родителот треба да биде строг или попустлив? Ни строг, ни попустлив; треба да биде родител кој расте заедно со своето дете. Ако го имаш тој склад и тоа паралелно растење, твоето однесување не е ни строго ни попустливо, туку е токму она што му било потребно на твоето дете.

Нешто слично е кога многумина прашуваат: дали христијанинот треба да биде конзервативен или прогресивен? Ни конзервативен ни прогресивен – туку да биде вистински човек. Кога е вистински човек, во она што треба ќе биде конзервативен, а во она што треба ќе биде прогресивен“.
„Радоста на животот и создавањето“ – издаваштво Армос, 2003
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев