Голем „ѕвер“ е светот!

Spread the love

Loading

Димитриј Панагопулос, свештенопроповедник

За да напредува некој христијански, треба да оди спротивно на текот на светот, затоа што светот има толку многу зла што му отежнуваат на човекот да оди кон Христос. Светот, како што размислува и како што насочува, е спротивен на волјата Божја и на ползата на нашата душа. Светот е царство на сатаната, и оној што го љуби и живее според светското, Го напушта Бога и се одрекува од Неговата љубов.

Еднаш една студентка ми рече:
„Светот има толку многу искушенија што човек не може да им се спротивстави“.

Јас ѝ одговорив:
„Тебе ќе те судат рибите! Иако живеат во солена средина, сепак не се солени. Ако извадиш една риба од морето и ја испржиш без да ја посолиш, ќе биде најбесвкусното нешто. Останала несолена, иако живеела 5-10 години во морето, во солена средина. Зошто?

За да нè научи нас дека, иако живееме во светот, можеме и треба да останеме недопрени од светот“.

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!