Во Православната Црква не постои христијанска етика

Spread the love

Loading

Митрополит Јеротеј Влахос

Во Православната Црква не постои христијанска етика, како што ја среќаваме во западната теологија. Отците на Црквата биле духовни лекари, кои ги лекувале луѓето. Во нивните списи среќаваме еден медицински пристап.

„Духовните отци се лекари, не се моралисти, не се за да ја чуваат моралноста на луѓето во име на државата, за да имаме подобри граѓани. Тоа не е целта на православниот духовен живот.

Затоа и им нагласувам на студентите дека не постои православна етика, не постои за нас христијанска етика. Фактот што основавме катедри за христијанска етика е доказ колку сме се оддалечиле од Православието“.

Во една историска фаза во Грција била пренесена и западната христијанска етика, која ја заменила православната аскетика. Оваа секуларизирана етика порано се предавала на богословските факултети.

„Христијанска етика и една теологија без очистување, просветлување и обожување. И со што ги заменија очистувањето, просветлувањето и обожувањето? Очистувањето стана ослободување од морални престапи, од морална гледна точка“.

„Со создавањето на грчката држава, со борбата против манастирите и монасите, против монаштвото воопшто, за првпат во православната теологија беше воведен предмет наречен христијанска етика.

Не постои христијанска етика. Во православната теологија постои аскетика, која е терапевтска. Таа не е етика во смисла на философска моралност, која владеела толку векови кај Франките, а подоцна и кај Русите. Не постои такво нешто: да си добар или лош, ако си добро дете ќе одиш во Рајот, ако си лошо дете ќе одиш во Пеколот. Таква насоченост нема кај отците на Црквата.

Туку што постои? Постои аскетиката, која е терапија, за да се исцели ноетичката (умно-срцевата) енергија на човекот, да се разликува од неговата логичка енергија, да проработи во човекот една енергија која останала неактивна или се занимава со активности што не му прилегаат на предназначението на човекот“.

(Извадок од „Емпириска догматика на Православната Соборна Црква според усните предавања на о. Јован Романидис“, Том I.)

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!