![]()
Познат е еден уникатен случај што се случил во Русија во периодот на гонењата, во 1960-тите години. Кога една болна и слепа старица го замолила својот син-пијаница да ѝ доведе свештеник за Причест. Овој син, заедно со својот кафански другар, решил да ѝ направи злобна шега. Тој ѝ го довел својот кафански другар, кој се претставил како свештеник, ја исповедал и, ставајќи во една лажичка вотка, почнал да ја причестува. И кога почнал да ѝ ја принесува до устата таа лажичка со вотка, во воздухот се разлеало ангелско пеење: „Тело Христово примете, од изворот на бесмртноста вкусете“. И кога ја причестил, тој веднаш паднал и умрел.

Овој случај токму претставува пример за тие „исклучителни околности“, при кои Самиот Бог ја извршил Својата Тајна дури и при отсуство на свештеник и при неправилна надворешна форма, поради тоа што оваа старица била достојна да го прими тоа Таинство.
Што се однесува до ваквите исклучителни случаи, начинот на дејствување на Божјата Промисла целосно се разликува од општиот човечки поредок (види: преп. Исаак Сирин, Слово 1). Ние знаеме едно – Бог никогаш не го остава човекот, ако самиот човек не Го остави Бога.
Од книгата „Кога ќе настапи хаос“, издавачка куќа „Благословение“, Москва, 2016 г.
Превод од руски јазик: Свештеник Јани Мулев