![]()
Ако сакаш твојата врска да трае,
тогаш треба да научиш многу за простувањето. Научи многу и за жртвата.
Понекогаш треба да го ставиш на страна тоа што го чувствуваш, за работите да функционираат.
Треба да се навикнеш понекогаш да губиш.
Навикни се дека не секогаш ќе го добиваш тоа што го сакаш.

Навикни се да го делиш вниманието.
Да го споделуваш она што е твое – умот, телото и душата.
Треба да научиш како да не бидеш постојано сам. Како да ги споделуваш најдлабоките мисли и тајни со некого што го сакаш. Како да бидеш ранлив.
И како да ја прифатиш таа промена.
Ако сакаш една врска да успее, тогаш мора да ги научиш овие работи.
Зашто тие прават разлика во тоа колку ќе растете заедно – и колку долго ќе трае таа врска.
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев