![]()
Авраам, по совет на пророкот и цар Мелхиседек, го закопал черепот на Адам многу блиску до местото каде што Христос беше распнат на Голгота.
Така, кога Христос беше распнат, черепот на Адам буквално се напоил со крвта Христова!
Душата на Адам, која се наоѓала во адот, го дознала тоа и ја известила Ева дека секој момент ќе дојде и Господ во адот!
Мелхиседек ја нарекол Голгота „Место на черепи“, односно место каде што бил закопан черепот на Адам.
На крајот од својот живот, Адам им открил на своите потомци дека тој се родил во рајот, како и Ева, додека, пак, тие се родиле во прогонство.

Адам го направил ова откровение за да ги поучи дека изгонувањето од рајот било неговото најголемо страдање. Сето ова се наоѓа во Светото Предание.
Адам умрел на возраст од 930 години, а Ева умрела три дена подоцна.
По падот, Адам и Ева повеќе не згрешиле и се пресвети, иако ние ги обвинуваме.
Кога Христос слезе во адот, првите што ги воскресна беа прародителите.
— Старец Ефрем, дикеј на Скитот на Свети Андреј (Сејрај), Света Гора
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев