Разводот не ги разделува само сопружниците

Spread the love

Loading

Да бидеме искрени.
Разводот не е слобода.
Тој е последици.
Разводот не е бегство.
Тој е земјотрес.
Разводот не е врата низ која поминуваш.
Тој е бомба што ја фрлаш среде светот на своите деца.
И штом ќе експлодира, ништо повеќе не е цело.

Да го разгледаме.


1. Не ја напушташ сопругата — ја рушиш сигурноста на своите деца
Разводот не е за тебе.
Тој е за нив.
Современите луѓе си велат:
„Несреќен/на сум. Ќе почнам одново“.
Но, децата немаат копче за рестартирање.
Тивко ги носат своите пукнатини.
Раната е невидлива —
но крвари цел живот.


2. Судот не гледа родители — гледа банкарски сметки
Ти рекле: „Двајцата родители се еднакви пред законот“.
Вистината?
Не си родител. Плата си.
Ќе плаќаш за да го гледаш сопственото дете.
Ќе станеш викенд-сенка.
Презиме поврзано со сметка.
Судот не гледа татко.
Гледа паричник.


3. Разурнатите домови ги разоруваат децата
Децата не копнеат по луксуз. Копнеат по сигурност.
Не по удобност — по постојаност.
Звукот на клучот на таткото во бравата.
Присуството на двајцата родители под ист покрив.
Кога домот се распаѓа, нивните корени слабеат.
Самодовербата им се крши.
Секоја статистика го вели истото:
Децата од разурнати домови страдаат повеќе.


4. Среќата е мамка — каењето е јадица
Светот шепоти: „Заслужуваш нешто подобро“.
Културата вели: „Ако си несреќен, само замини“.
Но, среќата не е темел на семејството.
Обврзаноста е.
Мамката ти продава задоволство.
Но сметката е болка.
А твоите деца ја плаќаат цената.


5. Децата секогаш паметат кој останал
Си велиш:
„Ќе разберат кога ќе пораснат“.
Не.
Ќе паметат кој се борел. И кој заминал.
Кој останал. И кој потпишал.
Кој го заштитил домот.
И кој го напуштил.


Завршен збор
Разводот не е само меѓу тебе и неа.
Тој е меѓу тебе и иднината на твоите деца.
Ако домот се урне, нема да ја закопа неа.
Ќе ги закопа нив.
И историјата нема да ги памети твоите оправдувања.
Ќе памети кој останал —
и кој заминал.

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!