![]()
Монах Мојсеј Светогорец (1952–2014)
Можеш редовно да одиш в црква, да читаш богословски книги, да имаш икони на светии во домот, бројаници во рацете, да даваш милостина, да слушаш богословски беседи, да зборуваш смирено и духовно.
Но да си гневен кон другите. Во тешкотиите да ропташ.
Да не си задоволен со парите што ги имаш, со удобностите што ги имаш, да се чувствуваш притиснат, вознемирен, незадоволен од сè и од сите, постојано да си во спротивставување и натпревар со сè и со секого околу тебе.

Тоа значи дека не живееш во Христос. Колку и да зборуваш за Христос. Тоа мириса на смрт.
Што денес го разликува еден христијанин од останатиот народ?
Ако во тешкотиите, во искушенијата, пред тешки луѓе, немаш трпение, кротост, радост, едноставност и пред сè смирение, значи дека сè уште не си разбрал што значи живот во Христос.
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев