![]()
Отец Хараламбос Пападопулос
Еден философ од XVI век вели:
„Мојот живот беше исполнет со ужасни несреќи, кои никогаш не се случија. Тие беа само во мојот ум“.
Со други зборови, 90% од нештата, кои нѐ вознемируваат, нема да се случат.
Да го знаете тоа. Ќе се случи само мал дел од нив.
Затоа да се погрижиме преку Божјата благодат да се одлепиме од она што нѐ плаши, нѐ исполнува со вина, нѐ збунува, ни ја „црпи“ енергијата на душата и на животот.

Да ги оставиме работите на Божјата промисла, на Божјата љубов, и да живееме со едноставност во нашето секојдневие.
Бидејќи нештата кои нѐ плашат, катастрофата која помислата ни ја создава во умот, во 90% од случаите, никогаш нема да се случи.
Во спротивен случај ќе живееме еден мачен живот, со стравови и немири, додека реално би можеле да живееме со Божјата благодат во сегашноста без да правиме сценарија за „она што следи“…
Превод: Свештеник Јани Мулев