![]()
„Тука морам да те предупредам дека надворешната форма на Црквата (т.е. на Православната Црква) е очајно бедна, со еден збор распната, со мала соработка или координација меѓу различните национални тела, со мала продлабоченост и разбирање кон нашето духовно богатство, со слаб мисионерски и апостолски дух, со слабо владеење со условите или потребите на нашето време, со мала великодушност или хероизам или вистинска светост. Мој совет е: не гледај на надворешните нешта…“

– Архимандрит Лазар Мур (од неговата преписка со сегашниот митрополит Калистос Вер, кој во тоа време размислувал да стане православен)
„О чудесна православна цркво, толку сиромашна и слаба… што опстојуваш благодарение на некое чудо низ многубројните промени и битки; цркво на контрасти, толку традиционална, а во исто време слободна, толку архаична, а сѐ уште жива, толку ритуална, па сепак лично мистична; цркво во која скапоцениот евангелски бисер совршено е заштитен – иако често под слој прав… Цркво што толку често се покажа неспособна за акција – но која, сепак, единствена знаеш како со песна да ја прославиш радоста за Пасха“.
– Архимандрит Лев Жиле (1892-1980), роден французин, станал монах во бенедиктински манастир, во 1924 преминал во манастир со источен обред во Галиција. Во 1928 примил православие и си го задржал чинот. Предавал француски јазик во православниот институт Свети Сергиј во Париз. Еден е од основачите на франкојазичната православна парохија во Париз; извесно време служел во црквата „Покров на Пресвета Богородица“ на ул. Лурмел, основана од преподобната маченичка Марија (Скобцова). Работел и како затворски свештеник; познат е како писател под псевдонимот „Монах на Источната Црква“. Се упокоил во Лондон.