![]()
Свештеник Јани Мулев
Преку нашето доброволно отпаѓање од Бога и од заедницата со ближните, преку егоизмот, гневот, омразата, злопамтењето; исто така и преку срамот и стравот, да не бидеме оставени, да не бидеме отфрлени, да не речат луѓето нешто лошо за нас, но и поради допадливоста, кога сакаме да им се допаднеме на сите луѓе, и поради што правиме компромис со себе, и го продаваме Господ за небитни работи.

Адаптирањето не е христијанство. „Станав сѐ за сите“ (1.Кор. 9,22) е само привремено, за да ги придобиеме луѓето за Христа, а не да правиме компромис со најсветото во животот. Вие не сте од овој свет, Јас ве избрав од светот (Јован 15,19). Не можеме да им служиме на двајца господари (Лука 16,13), пријателството со овој свет е непријателство со Бога (Јак. 4,4) – овие зборови од Евангелието доволно ни даваат насока каде треба да се движиме…
Православна светлина бр. 76