![]()
Старец Порфириј нѐ поучуваше дека лошата помисла за некој наш ближен, од една страна ја валка душата како грев, а од друга му прави, или може да му направи зло на другиот човек. Лошата мисла испраќа лоша сила, која му влијае на другиот, како што и молитвата му помага. Се разбира, сето тоа треба правилно да го разбереме преку учењето на Црквата за постоењето на лоши и добри духови и за нивното дело, кое за лукавите е клевета, лага, немир, раздор итн., а за добрите, пак, служење на ближните кои се грижат да го наследат царството Божјо.

Лошата мисла не се крие. Му влијае непријатно за нас на оној за кого мислиме лошо, дури и од далеку, дури и кога тој не е свесен за причината поради која дошло до непријателство меѓу нас. Значи, од наша полза е да бидеме „чисти по срце“, чисти не само од лоши дела, туку и од лоши мисли, особено од злопамтење и од горчини.
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев