Четирите најстрашни работи во животот

Spread the love

Loading

Елефтериос Елефтеријадис, психолог

Поголем број од нашите проблеми, започнуваат од срамот. Од фактот што размислуваме „што ќе рече народот?“ Да не бидеме погрешно сфатени. Да не си формираат погрешно мислење за нас. Да не останеме сами, бидејќи сме одлучиле да следиме некој друг пат, од оној кој го следи толпата.

Поголем број од нашите проблеми почнуваат од стравот. Страв од неуспех. Страв од тоа да не не сме доволни. И за да не направиме грешка, за да не згрешиме, завршуваме во безделничење. Но не постигнува ништо оној кој никогаш немал неуспех…

Поголем број од нашите проблеми започнуваат од нашето сладострастие. Од фактот што очекуваме сѐ да ни дојде лесно. Од фактот што не сакаме да се мачиме. Но, ако не дадеш крв, нема да примиш ни дух… Ништо добро нема да постигне оној кој не се испотил и не се измачил за ништо.

Најголем број од нашите проблеми почнуваат од нашиот егоизам. Од големата идеја која ја имаме за себе. Од фактот што веруваме дека од нас започнува и во нас ќе заврши сѐ. Од фактот што веруваме дека сите имаат потреба од нас. Од фактот што веруваме дека од нас има потреба дури и Оној, Самиот Бог…

Срам, страв, сладострастие и егоизам…

На сите овие да внимаваш… Но од сите четири, вистина ти велам, најмногу да се плашиш од егоизмот…

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Content is protected !!