Тројца другари

Spread the love

Loading

Старец Арсениј Спилеот (1886-1983) еднаш на своите послушници им ја раскажа оваа полезна приказна, која ја научил од постарите отци:

Некој човек си имал тројца другари. Со првиот другар секој ден си поминуваше убаво. Имаше и втор другар, со кого секогаш и секаде поминуваше убаво. Но не како со првиот. Помалку убаво. Имаше и трет другар… За жал го гледаше ретко, но и поладнокрвно.

Еднаш му дојде вест од царот дека го бара за да го осуди за некој престап.

Поита кај првиот другар и му рече:

Пријателе, Царот ме бара за да ме осуди за некој престап и те молам, помогни ми и дојди да ме застапуваш кај Царот. А другарот му одговори:

Мил мој, не можам да дојдам. Јас не излегувам од дома.

А тој разочаран отиде кај вториот другар и му побара помош. А вториот му одговори:

„Јас само до дворот на Царот одам, но внатре не влегувам. Секако не можам да ти помогнам“.

Му остана само третиот другар, но се срамеше, бидејќи го посетуваше само за да му бара помош, бидејќи никогаш му немаше заблагодарено за ништо. Конечно отиде и со срам му рече: „Пријателе мој, Царот ме вика за да ме осуди, можеш ли да ми помогнеш?“

Тогаш тој, веднаш и со голема усрдност, отиде кај Царот и го заштити со голема власт. Навистина, успеа и му помогна да ја избегне осудата!

Погорната приказна, деца мои, е една парабола.

Тројцата другари се следниве:

Првиот другар се парите, и сите материјални богатства во домот…

Вториот другар се родителите, браќата и сестрите, роднините.

Третиот другар е милостината која ја правиме.

Кога ќе дојде смртта и Судот, првиот другар, т.е. парите, мебелот… не излегуваат од дома.

Вториот другар – роднините – оди само до гробот.

Додека третиот другар – милостината – оди кај нашиот Христос и ни помага!

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Content is protected !!