Сѐ што имаме добро, не е од нас, туку од Бога

Spread the love

Loading

Старец Ефрем Аризонски

Во сѐ да имаме смиреноумие (понизност), дека сѐ што сме направиле, го направивме, бидејќи ни дал Бог така. Сѐ што имаме, го имаме од Бога.

Помислата ти вели дека со твои раце си направил сѐ? Е арно, ама, нели рацете ти се од Бога дадени?

Со устата си кажал добар збор? Си спасил некој човек со добар совет? Немој да се фалиш. И зорот и устата ти ги даде Бог. Со нозете иташ и служиш? И тоа ти е од Бога. Со срцето твое, со твојот внатрешен глас и со доброто расположение го воспеваш Бога, или помислуваш добро за Бога и за ближниот?

И срцето и зборот се од Бога. Можеби ти се роди по своја волја? Бог те донесе во постоење. Штом сѐ е дар од Бога и на Бога треба да му слчужи, тогаш што Му принесуваш ти на Бога?

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Content is protected !!