Бедна пештера

Spread the love

Loading

(Раскажување на митрополитот Атанасиј Лимасолски за старец Ефрем Катунакиски)

Насекаде кај што одев на Светите Места бев трогнат, но кога отидов кај пештерата во Витлеем, таму ми се раскина срцето! На илјада парчиња! И си реков: Како Бог се роди на вакво место, во оваа пештера, без утеха, отфрлен, надвор од градот…

Овој Бог Кој можеше да направи сѐ за Себе, но молкум, далеку од секоја удобност, во една ноќ – најстудената ноќ во годината – во најголемата ноќ од годината, во едно потполно презрено место, Оној Кој создаде сѐ – небото и земјата – Тој се роди на тоа место!

И кога се вратив во ќелијата, вели, влегов и видов ќебиња (а какви ќебиња имаше тој…), и видов што сѐ имав, се засрамив и си реков: ако Бог се роди во таква пештера, јас како би можел да ги користам сите овие работи?

Видов тенџериња, ѓезвиња… (се разбира, ако ви ги опишам неговите тенџериња… ни кучињата не би јаделе од нив! А да ви кажам за неговиот кревет, ниту свињите не би легнале во него!)

Но, тој го сметаше своето место, како луксуз, како претерување.

И оттогаш, секогаш кога му велев: „Старче, мала е твојава ќелија“, ми велеше: „Бог се роди во една пештера! Ако помислам на пештерата Божја, е тогаш што да кажам за себе?“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Content is protected !!