Едно чудовиште наречено депресија

Spread the love

Loading

Елефтериос Елефтеријадис, психолог

Депресијата е рак на душата.

Се простира во тебе бавно и делче по делче, ти ја јаде внатрешноста.

Запознав луѓе, многумина, кои посакуваа да бидат телесно болни, само да се избават од ова чудовиште.

Голем крст.

Но, ниту едно чудовиште не живее вечно.

Дури и кога сѐ изгледа мрачно, бавно или брзо, секогаш се разденува.

Доволно е едно нешто.

Да не се откажуваш. Никогаш да не се откажуваш од борбата.

Да се бориш со сила. Кучешки. Со нокти и со заби.

Само да не се откажуваш.

Ниту едно чудовиште, брате мој, не живее вечно…

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Content is protected !!