![]()
Елефтериос Елефтеријадис, психолог
Стој исправен.
Спротивно.
Против течението на Новото време (New Age), кое сака човекот да биде маса, пион, бројка…
Кога сите околу тебе си ја гледаат забавата, ти пружи ги своите раце кон твојот брат.
Кога сите околу тебе се препуштаат на секоја безумна страст и задоволство, ти потруди се да се воздржиш.

Кога сите околу тебе го обожуваат телото и сексот, ти чувај си ја добро љубовта.
Кога ти зборуваат за политкоректност, за „правата“ и божемното осовременување, ти не срами се да останеш верен на корените, преданијата и почитта на кои те научија Светото Писмо и светите отци.
Против течението. Дури и ако останеш сам…
Кога сите околу тебе се однесуваат полошо од животни, ти внимавај добро и потруди се да останеш човек…
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев