![]()
Свештеник Јани Мулев
…Црквата е училиште, во кое учиме како да го исчистиме и како да го сочуваме во нас Образот Божји, бидејќи Христос е Образ Божји, а ние сме создадени според Неговиот образ.
Што значи дека воспитан човек е само оној кој се храни со Телото и Крвта Христови, а образован е оној во кого блеска Образот Божји, кој станал подобен на Христа.

Па така, оној христијанин во кого блеска и се гледа Образот Божји е вистински образован човек, а не оној кој прочитал многу книги или стекнал високи образовни дипломи и титули.
Црквата отсекогаш била тесно поврзана со образованието и воспитанието; епископите, свештеници и монасите биле единствените учители пред создавањето на секуларните школи, а главното воспитание на народот доаѓало преку Светата Причест.
Бидејќи поимот воспитание доаѓа од црковнословенскиот збор воспитати, што значи, прехранување, а во Црквата единствена храна и пиење се Телото и Крвта Христови.
Православна светлина бр. 75