Себичност и несебичност

Spread the love

Loading

Оскар Вајлд

Себичност не е некој да живее како што сака да живее, туку, кога бара од сите да живеат како што тој сака.

Несебичност е да ги оставиш другите луѓе да живеат како што сакаат, без да им се мешаш.

Себичноста секогаш изискува апсолутна еднообразност на цело опкружување.

Несебичноста ја признава бескрајната разновидност како нешто прекрасно, ја прифаќа, ја восприема, ужива во неа.

Не е себичност да мислиш на себе. Човекот кој не мисли на себе, не мисли воопшто.

Премногу себично е некој да бара од другите да размислуваат како него и да имаат исти ставови како него. А и зошто би имал? Ако некој може да размислува, веројатно би размислувал поинаку. Ако не може да размислува, тогаш ужасно е да се бара било какво мислење од него.

Црвениот трендафил не е себичен што сака да биде црвен трендафил. Но, би било ужасно себично ако тој изискува сите цвеќиња во градината да бидат црвени и трендафили.

Превод од англиски: Свештеник Јани Мулев   

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Content is protected !!