Незадоволни луѓе

Spread the love

Loading

Елефтериос Елефтеријадис, психолог

Постојат луѓе кои, што и да направиш за нив, нема да им биде никогаш доволно.

Луѓе кои секогаш имаат поплаки од тебе.

Нивната насмевка нема да ти ја дадат лесно. Не.

И ќе те наполнат со вина, некогаш со нивните зборови, некогаш со нивниот молк…

Постојат луѓе кои лесно излегуваат од нивните проблеми за да видат што се случува во близина.

Градат ѕидови околу нив и не ти дозволуваат да се приближиш…

Постојат луѓе кои те молат за разговор, но немаат уши да слушнат ништо поразлично.

Луѓе, строги кон твоите грешки и слабости, но без очи кога се работи за нивните.

Постојат такви луѓе…

И од нивниот став, се повредуваме. Многу…

Но, знаеш ли што е полошо?

Тоа што тие луѓе не се некои туѓинци…

Ти си. Да. Ти.

И јас.

Не секогаш. Но често пати…

Така се однесуваме.

И без да го сфатиме ова, ги повредуваме оние кои ги сакаме…

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Content is protected !!