![]()
Свештеник Јани Мулев
Митрополитот Јеротеј Влахос раскажува еден чудесен настан за неговиот духовник, новопрославениот светител Калиник, митрополитот Едески.

Имено, пред неговото ракополагање за владика, вечерта му се појавил светителот Калиник на сегашниот архиепископ Јероним и му се заблагодарил за сѐ што направил тој за неговото чедо – сегашниот митрополит Јеротеј Влахос.
Преподобниот Серафим Саровски ги повикувал неговите духовни чеда да доаѓаат на неговиот гроб и да му ги кажуваат своите маки, тешкотии, и тој чудесно ги слушал и им помагал.
Што значи дека духовната врска помеѓу духовникот и духовните чеда не се ограничува од смртта.
Православна светлина бр. 75