![]()
Владимир Ленин умрел на 21 јануари 1924, а веста за неговата смрт била објавена на 25 јануари. Било одлучено да се изгради мавзолеј достапен и отворен за јавноста, кој ќе биде од времен карактер, а телото на Ленин во меѓувреме било балсамирано.
Погребот бил договорен на 27 јануари. Во овој краток период, на температура од -25 степени едвај биле ископани плитки темели на Црвениот плоштад во Москва, за да биде подигнат мал мавзолеј.

Дрвениот мавзолеј бил изграден со многу проблеми поради температурите, телото на Ленин било положено во него, и уште во првите денови после погребот започнале проблеми.
Се рашириле гласини во тогашните весници дека поради студот пукнала одводна цевка и се излеала во мавзолејот, поради што почнала да се шири ужасна миризба.

Кога слушнал за ова, тогашниот патријарх Тихон кажал една реченица, која оттогаш стана поговорка: „Какви мошти – такво миро!“.
Секому според заслугите.
Свештеник Јани Мулев