![]()
Додека моите деца учеа во Основно образование, собирав и преведував разни цитати за другарството, кои ги користеа за писмени задачи и за проекти на таа тема. Во продолжение следуваат најпрво библиските цитати за другарството, а понатаму цитати од разни автори од различни временски периоди и култури, кои се однесуваат не само на децата, туку и на нас возрасните, кои забораваме што значи тоа да се биде и да се има другар.
*
Изрек. 13, 21: Кој се состанува со мудри, мудар ќе биде; а кој другарува со безумни, глупав ќе биде.
Мудрост Соломонова:
15, 28: Срцето на праведниот се поучува од верата, а устата на нечесните исфрла зло. Пријатни се пред Господа патиштата на праведните; преку нив и непријателите стануваат пријатели.
16, 28: Подмолен човек сее раздор, и клеветник пријатели разделува.
17, 9: Кој ги покрива престапите, бара љубов, а кој одново напомнува за нив, оддалечува дури и пријател.
17, 17: Пријателот сака во секое време и како брат ќе се јави во време на неволја.
18, 25: Кој сака да има пријатели, и сам треба да биде дружељубив; зашто има пријатели поприврзани од брат.
19, 4-7: Богатството собира многу пријатели, а сиромавиот го напушта и пријателот негов.
Лажниот сведок нема да остане неказнет, и кој говори лага, нема да се спаси.
Мнозина им се умилкуваат на големците, и секој му е пријател на човекот, кој дава подароци.
Сиромавиот го мразат сите негови браќа, а уште повеќе се оддалечуваат од него пријателите: трчка по нив, за да проговори – но нив ги нема.
21, 10: Душата на нечесниот сака зло: во неговите очи нема да најде милост ни пријателот негов.
25, 17: Не оди често во куќата на пријателот свој, за да не му додеваш и да не те намрази.
27, 9-10: Мирисот од елеј и темјанот го радуваат срцето; така сладок му станува на секого пријателот со неговиот срдечен совет. Не напуштај го пријателот свој, ниту пријателот на таткото твој, и не му оди на братот во куќата негова во денот на неволјата твоја; подобро сосед во близина, отколку брат надалеку.
29, 5: Човек кој му ласка на пријателот, поставува стапица за нозете негови.
Мудрост Сирахова:
6, 1: Од пријател не станувај непријател.
6,5: Благиот збор ги умножува пријтелите; слаткоречивоста го зајакнува пријателството.
6, 7: Ако сакаш да придобиеш пријател, долго проверувај го; немај веднаш доверба во него.
8. Некој ти е пријател само кога има потреба од тебе, а те напушта во денот на твојата неволја;
9. има пријател што станува непријател; твојата срамота на видело ќе ја изнесе.
10. Некој ти е пријател додека седи на твојата трпеза, но те напушта кога си во неволја;
11. Додека ти е добро ќе биде со тебе, дури и кон твоите слуги ќе се однесува гордо,
12. но ако бидеш понижен, тој ќе се дигне против тебе и ќе се крие од твоето лице.
13. Бегај од твоите непријатели, и биди внимателен спрема пријателите.
14. Верниот пријател е сигурна заштита; кој го нашол – нашол големо богатство.
15. Верниот пријател нема цена; добрината негова нема крај.
16. Вистинскиот пријател е лек за животот; него ќе го најдат оние што имаат страв од Господа.
17. Кој има страв од Господа, тој наоѓа вистинско пријателство; каков е тој – таков станува и неговиот пријател.
18. Синко, учи од твојата младост; така во староста твоја ќе ја најдеш мудроста.
9, 12-13: Стар пријател не отфрлај; новиот со него не се споредува; новиот пријател е кко ново вино; кога стане старо – со наслада го пиеш.
12, 8-18: 8. Пријателот во добро не се познава, а во злото непријателот не може да се сокрие.
9. Кога ни е добро – непријателите се тажни, а кога сме во зло – и пријателите бегаат од нас.
10. На непријателот не верувај му никогаш, зашто неговата злоба е слична на бакар покриен со патина;
11. и кога е смирен, и кога наведнат оди, пази ја од него душата своја и ќе бидеш пред него како огледало чисто: ќе видиш дека од отровната патина не е очистен до крај.
12. Не ставај го до тебе, за да не те истурка и местото твое да го заземе; не ставај го од твојата десна страна, за да не ти го земе твоето место. Најпосле ќе ги разбереш моите зборови; со тага ќе си спомнуваш за поуките мои.
13. Кој ќе се сожали над змијарот што змија го каснала и над оние што на ѕверови диви се приближуваат? И оној што со грешник се дружи – во неговите гревови учествува.
14. Додека цврсто стоиш тој не се открива, но кога еднаш ќе паднеш, – веднаш ќе те нападне.
15. На непријателот зборовите се слатки, а во срцето смислува в бездна да те турне; во очите свои солзи ќе има, а кога ќе може – ни крв не го заситува.
16. А снајде ли те зло, тој таму е пред тебе:
17. и како да ти помага, нога ќе ти подметне.
18. Ќе врти со глава, ќе крши раце, ќе негодува и ќе го менува лицето.
13,25-29: Кога богат се сопнува, пријатели го придржуваат; а кога сиромавиот паѓа и пријателите го оставаат.
26. Кога богат во неволја падне, многу помошници има; ако и глупост рече не го прекоруваат.
27. А падне ли сиромав, се подбиваат со него; каже ли нешто разумно не го ни слушаат.
28. Кога богат говори, сите молкнуваат; зборовите негови до небо ги фалат.
29. А кога сиромав говори, сите се прашуваат: „А кој е овој.” Ако се сопне, сосем го турнуваат.
14,13: Пред да умреш, на пријателот добро прави му; според твоите сили – што можеш давај му.
19.8-16: Не доверувај ништо ни на пријател ниту на непријател; ако тоа не е грев за тебе – не откривај го;
9. зашто оној што ќе те ислуша ќе се припазува од тебе, а по извесно време и ќе те намрази.
10. Ако слушнеш нешто, нека умре во тебе; биди како гроб. Не плаши се! Нема да те раскине.
11. Кога неразумниот нешто слушне, го обземаат болки – како родилка при породување на младенец.
12. Како што е стрелата забодена во бедро, таков е и зборот во срцето на неразумниот.
13. Прашај го твојот пријател, можеби не го направил тоа; а, ако го направил, да не го прави во иднина.
14. Прашај го пријателот: можеби не рекол ништо, а ако рекол, да не го повторува во иднина.
15. Прашај го пријателот твој, зошто често има клеветење.
16. На секој збор не верувај.
22,22-29: Кој фрла камен на птици – ќе ги избрка, а кој пријател навредува, пријателство расипува.
23. Ако си извадил и меч против пријателот, не плаши се, измирувањето е можно.
24. Ако си отворил уста против пријател, не плаши се, измирувањето е можно.
25. Само хулата, гордоста, откривањето тајни и подмолен удар го одвраќаат секој пријател.
26. Кај ближниот свој придобивај доверба додека е сиромав, за д се радуваш заедно со него кога ќе стане богат.
27. Остани со него кога е во неволја, за да го делиш наследството со него.
28. Пред пламенот во печката се јавува пара и дим, а пред крвопролевање се појавува кавга.
29. Не се срамувам пријател да бранам, од лицето негово нема да се кријам.
27,16-23: Кој открива тајни, доверба загубува; нема веќе да најде пријател по срце.
17. Сакај го пријателот и биди му верен,
18. но ако тајните негови на други ги кажеш, не трчај веќе по него;
19. како што човек го убива непријателот свој, така ти си го убил пријателството на ближниот свој;
20. како што се испушта птица од рака, така ти си го испуштил пријателот свој, и никогаш веќе нема да го фатиш.
21. Не трчај по него, тој е веќе далеку; избегал како што бега срна од примка.
22. Рана може да се преврзе и навреда да се прости,
23. но кој тајна предал – за него надеж нема.
*
Другарот го бираш, роднината – не. Другарот е до тебе во твоите таги, а уште повеќе во твоите радости. Тој те смирува и без да каже нешто, те слуша и ти помага кога имаш потреба. Тој е оној пред кого го покажуваш своето вистинско јас, и тој те прифаќа така. Што е другарството? Одговорите се наоѓаат во внатрешниот свет на секој човек.

Сите го слушаат она што го велиш. Пријателите со внимание го слушаат она што го велиш. Добрите другари го слушаат она што не го кажуваш.
Другарството не е нешто што ќе го научиш во училиште. Но ако не ја научиш смислата на другарството, во реалноста не си научил ништо. (Мухамед Али)
Другар е оној кој ти дава потполна слобода да бидеш она што си. (Џим Морисон)
Твојот другар е човекот кој знае сѐ за тебе, но и покрај тоа, пак те сака. (Елберт Хјубард)
Малкумина го имаат ова во својата природа: да го почитуваат без завист својот среќен пријател. (Есхил)
Полесно е да му простиш на еден непријател, отколку да му простиш на еден пријател. (Џон Дриден)
Подобро е да чекориш во мрак со пријател, отколку на светлина сам. (Хелен Келер)
Боже мој, чувај ме од моите пријатели, од непријателите можам и сам да се одбранам. (Антигон II Гонатас)
Во другарството и заљубеноста сме посреќни поради она што не го знаеме, отколку за она што го знаеме. (Ла Росфуко)
Вистинските другари ќе те прободат однапред (ќе ти кажат сѐ во очи). (Оскар Вајлд)
Го почитувам другарот кој наоѓа време за мене во својата агенда, но се потпирам на другарот кој за мене не гледа во агендата. (Роберт Браулт)
Добриот другар и сенката се појавуваат само кога блеска сонцето. (Бенџамин Френклин)
Другарството се раѓа во моментот кога една личност ќе ѝ рече на друга: „Што! И ти? Мислев дека сум само јас“. (Клајв Стејплс Луис)
Секогаш чувствував дека најголемата привилегија, опуштање и утеха во другарството е тоа што не мора да објаснуваш ништо. (Катрин Мансфилд)
Еден од благословите на старите другари е тоа што со нив може да се глупираш. (Ралф Валдо Емерсон)
Кога сите ми подаваат рака, ти ми ја држиш. (Ник Зиглер)
Другарите се начинот на кој Бог ни се извинува за роднините што ни ги дал.
Еден добар другар ќе те извади од затворот. Еден вистински другар ќе стои до тебе велејќи: „Барем имаше смешки!“
Вистинскиот другар е оној кој доаѓа кај тебе кога сиот свет се оддалечува. (Валтер Винчел)
Молкот ги прави вистинските разговори помеѓу другарите. Она што се мери не е да зборуваш, туку да немаш потреба да зборуваш. (Маргарет Ли Ранбек)
Еден другар во целиот живот е доволен. Два се многу. Три е речиси невозможно. (Хенри Адамс)
Оној кој е другар со сите, не е другар со никого. (Аристотел)
Еден единствен трендафил може да е целата моја градина… еден единствен другар – мојот свет. (Лео Бускаглија)
Не постојат туѓинци: само другари кои не си ги запознал сѐ уште. (Вилијам Батлер Јеатс)
Размисли, доколку ти е неудобно да ги дадеш клучевите од твојот дом на твоите двајца најдобри другари, тогаш најди си подобри другари. (Џексон Браун)
Вистински другар е оној кој ги игнорира твоите неуспеси, а ги поднесува твоите успеси. (Даг Ларсон)
Еден вистински другар никогаш не ти влегува во патот, освен ако ти не одиш надолу. (Арнолд Гласгоу)
Не се здружувај со оние кои те прават да ти биде удобно, туку со оние кои те тераат да се искачиш на повисоко ниво. (Томас Ватсон)
Го прекинав дружењето со двајца пријатели. Со едниот – затоа што никогаш не ми зборуваше за него, а со другиот – затоа што никогаш не ми зборуваше за мене. (Николас Камфорт)
Љубовта ги разголува телата, а другарството ги разголува карактерите. Најдобар другар е оној кој го вади најдоброто од мене. (Хенри Форд)
Не си негувај заблуди дека другарството ти дава право да бидеш незгоден со оние кои се до тебе. Колку потесна е врската со некого, толку понеопходно е да бидеш расудлив и благороден. (Оливер Холмс)
Најголемата разлика помеѓу љубовта и другарството е тоа што не можеш да имаш другарство без возвраќање. (Мајкл Фурние)
Две личности не можат да бидат добри другари, ако не можат еден на друг да си ги простуваат малите грешки. (Жан де ла Брује)
Другарите се членови на семејството кои никогаш не ни ги дал Бог. (Менкиос)
Најефикасна терапија е другарството и љубовта. (Хјуберт Марфи)
Ниту еден човек не е несреќен штом има другари. (Џорџ Кларенс)
Другарството е една слатка одговорност, никогаш една прилика. (Калил Џибран)
Вистинското другарство ги умножува добрините во животот, и ги отфрла лошите. Борете се да имате другари, зашто животот без другари е живот на еден пуст остров… да најдеш вистински другар во животот е добра среќа, а да го задржиш е благослов. (Балтазар Грасијан)
Јазикот на другарството не се зборовите, туку значењата. (Хенри Дејвид Тореау)
Другарството е единствениот лепак, кој ќе го задржи светот обединет. (Вудроу Вилсон)
Не оди зад мене, може да не те водам. Не оди пред мене, може да не те следам. Едноставно оди до мене и биди ми другар. (Алберт Ками)
Вистинската љубов доаѓа, кога молчењето меѓу двајца станува удобно. (Дејвид Тајсон)
Другарството е како парите, полесно е да ги стекнеш, отколку да ги задржиш. (Самјуел Батлер)
Еден другар знае кој си, разбира кај си бил, го прифаќа она што си станал и, уште, ти допушта благородно да напредуваш. (Вилијам Шекспир)
Не ми треба другар кој се менува, кога се менувам и јас, и кога се клати, кога се клатам и јас. Тоа го прави и мојата сенка уште подобро. (Плутарх)
Зарем не ги уништувам своите непријатели, со тоа што ги правам мои другари? (Абрахам Линколн)
Треба да се плашиш повеќе од еден неискрен и лош другар, отколку од еден див ѕвер. Дивиот ѕвер ќе ти го повреди телото, а еден лош другар – духот. (Буда)
Љубовта е слепа, а другарството замижува. (Фридрих Ниче)
Другарите се семејство кое самиот го бираш. (Џес Скот)
Подготвил и превел: Свештеник Јани Мулев