Зошто Бог дозволи да бидат заклани 14000 бебиња?

Spread the love

Loading

Димитриј Панагопулос, свештенопроповедник (1916-1982)

Многумина прашуваат: Зошто Бог му дозволи на Ирод да заколе 14000 бебиња? И што лошо се случи?

Не беа ли додадени 14000 во Црквата?

И колку од нив, ако живееја, немаше да станат блудници, прељубници, богохулници, крадци и пијаници?

И колку од нив би се спасиле?

Сега кога сите се спасени и осветени, какво зло настана?

Ирод ги закла бебињата, а Бог го чекаше.

Не го зеде веднаш, бидејќи тогаш Ирод би рекол:

„Зошто ме зеде? Јас ќе се покаев…“

Но, Бог го остави, а Ирод не се покаја.

Како последица на тоа го изедоа црви… му се појавија црви на телото и жив го изедоа!

И толку отече целиот што ја срушија вратата за да го извадат од куќата и да го погребаат.

Ете таков беше крајот на Ирод.

Сите богоборци имаат лош крај… ужасен крај!

Наспроти нив, пак, верниците имаат мирен и спокоен крај. И многу пати си ја предвидуваат смртта…

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Content is protected !!