Нови романски светители

Spread the love

Loading

Црквата е не е човечка институција, не е хуманитарна организација, ниту верски сервис, туку е Тело Христово и „фабрика“ за светители. Природна последница од постоењето на Црквата е прославувањето на нови светители, при што, Црквата не ги „прави“ да бидат светители, туку ја признава светоста која тие веќе ја имаат, така што со канонизацијата само се потврдува официјално дека некоја личност е света, се одредува ден кога ќе се празнува, и се задолжува Црквата да изработи икони, фрески со нивните ликови и да напише богослужби во нивна чест. Романската црква е маченичка црква која во страшни маки роди многу маченици и преподобни како вистинска Мајка води грижа сите познати светители официјално да бидат потврдени и ставени во богослужбениот календар на Црквата. Па така, на 11-12 јули 2024 година Синодот на Романската православна црква ги прифати предлозите за канонизација на новите светители и ја призна и потврди светоста на следниве светители:

1. Свети исповедник Софијан (Богиу), игумен на манастирот „Антим“. Неговиот спомен ќе се празнува на 16 септември.

2. Свети Димитриј (Думитру) Станилоае Исповедник, брачен свештеник, професор по догматско богословие во Сибиу и во Букурешт, најголем богослов на Романската црква од 20 век. Неговиот спомен ќе се празнува на 4 октомври.

3. Свети свештеномаченик Константин Сарбу. Неговиот спомен ќе се празнува на 23 октомври.

4. Свети Арсениј Бока од Прислоп, Исповедник. Неговиот спомен ќе се празнува на 28 ноември.

5. Свети Илија Лакатушу, презвитер и Исповедник. Неговиот спомен ќе се празнува на 22 јули.

6. Свети Паисиј Олару, духовник во манастирот „Сихастриа“. Неговиот спомен ќе се празнува на 2 декември.

7. Преподобен Клеопа Илие, игумен на манастирот „Сихастриа“. Неговиот спомен ќе се празнува на 2 декември.

8. Преподобен Дометиј Манолаче Милостив, од Рамет. Неговиот спомен ќе се празнува на 6 јули.

9. Преподобен Серафим Попеску,Трпелив, игумен на манастирот „Самбата де Сус“. Неговиот спомен ќе се празнува на 20 декември.

10. Свети Галактион Мунтеану од Клуж, професор по богословие во Клуж-Напока. Неговиот спомен ќе се празнува на 8 март.

11. Свети свештеномаченик Герасим Иску, игумен на манастирот „Тисмана“. Неговиот спомен ќе се празнува на 26 декември.

12. Преподобен Висарион Тоја, игумен на манастирот „Лаиничи“. Неговиот спомен ќе се празнува на 10 ноември.

13. Преподобен Калистрат Бобу од Тимишени и Василева. Неговиот спомен ќе се празнува на 10 мај.

14. Свети Иларион Цела, професор по богословие во Арад. Неговиот спомен ќе се празнува на 18 септември.

15. Свети Ираклиј Флочеа од Бесарабија, егзарх на манастирите на Кисијанската Архиепископија. Неговиот спомен ќе се празнува на 3 август.

16. Свети Александар Балтага од Бесарабија. Неговиот спомен ќе се празнува на 8 август.

*

Синодот на Митрополијата на Молдавија и Буковина и Синодот на Митрополијата на Бесарабија се состанаа одделно и заеднички во Јаши. Како дел од нивната работа, епископите од Молдавија и Буковина предложија четири почитувани монахињи за можна канонизација:

1. Схимонахиња Мавра од планината Цеахлеу (17–18 век), голем исихаст и пустиник

2. Схимонахиња Назарија, прва игуманија на манастирот Варатек – духовна ќерка на св. Василиј од Појана Марулуј, св. Пајсиј Величковски од Њамц и св. Јосиф од Варатек

3. Схимонахиња Олимпијада (1757–1842), основач и добротвор на манастирот Варатек – духовна ќерка на св. Пајсиј Величковски, св. Јосиф од Варатек и на преподобната Назарија од Варатек

4. Схимонахиња Елисавета (Сафта) Бранковеану, од манастирот Варатек

5. На заедничката седница, епископите на двете митрополии ја поддржаа и канонизацијата на учителката Блондина Гобжила (1906–1971), позната и како „мајка Блондина“, исповедничка од комунистичкиот период која била протерана во Сибир на 15 години.

*

Светиот Синод на Цариградската Патријаршија на својата седница одржана на 30-31 август 2025 година ги прифати предлозите за прославување на нови двајца светогорски светители по потекло од Романија, преподобниот Петрониј (Петрониу) Танасе, дикеј на романскиот скит Свети Јован Претеча (Продромос), чиј што спомен ќе се слави на 24 февруари, и преподобниот Дионисиј (Игнат) Ватопедски, од скитот на Свети Ѓорѓи – Колицу, чиј што спомен ќе се слави на 11 мај.

По нивните свети молитви, Господи Исусе Христе, води нѐ по патот на спасението. Амин.

One thought on “Нови романски светители

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!