Преподобен Дионисиј (Игнат) Ватопедски (1909-2004)

Spread the love

Loading

Отец Дионисиј Игнат беше роден на 22 септември 1909 година, во општината Ворничени, област Ботошани. На крштението го добил името Думитру (Димитриј). Неговиот татко Јоан беше многу побожен човек, но се упокои кога малиот Думитру имаше само една година. Думитру заврши четирикласно основно образование, секоја година со одличен успех и награди. Бидејќи бил многу близок со неговиот брат Ѓорѓи, кој бил десет години постар од него, и кој станал монах на Света Гора со името отец Гимназиј, младиот Думитру го започнал својот манастирски живот на возраст од 14 години, а на 17 години веќе заминал со уште тројца Романци на Света Гора. Бидејќи никаде не ги примале во ќелиите, затоа што веќе имале доволно монаси, тие долго лутале, па едвај добиле на заем 10000 драхми од некој романски трговец Михаил, па со тие пари ја откупиле ќелијата „Благовештение“, која била на територијата на манастирот Пандократор. За да го вратат долгот сите работеле во манастирот Ивирон како аргати, па по три години успеале да го вратат долгот.

Во 1927 година, една година откако дошле на Света Гора, Думитру бил замонашен со име Дионисиј, а во 1931 примил ѓаконски чин. Во 1933 по смртта на игуменот Севастијан, двајцата браќа Игнат отишле во ќелијата на Свети Тихон Задонски во Капсала, раководени од старецот Гедеон Челару. Заедно со него, во 1937 година ја земале ќелијата на Свети Ѓорѓи во Колчиу, која од темели ја изградиле. Отец Дионисиј бил ракоположен за јеромонах, во 1945 година станал духовен отец. Водел строг подвижнички живот, следејќи го примерот на неговиот брат, отец Гимназиј, кој стекна голема светост пред смртта во 1965 година.

По смртта на отец Гедеон Челару во 1979, отец Дионисиј стана старешина на ќелијата и еден од најопитните духовници и старци на Света Гора. Се упокои на 28 април 2004 година, на возраст од 95 години, од кои 78 ги помина на Света Гора. Неговиот свет спомен ќе се слави на 11 мај.

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Текстот е објавен во „Православна светлина“, бр. 75

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!