Хорхе Букај
Гневот и тагата биле брат и сестра. Отишле да се бањаат во еден вир. Се соблекле на брегот и влегле во водата. Гневот, кој секогаш е избрзан, а често и слеп, излегол и ги облекол облеките на сестра си.

Тагата која е бавна и смирена, немала избор и кога излегла, морала да ги облече останатите облеки на својот брат.
Оттогаш луѓето знаеле дека, кога ќе видат тага, значи одоздола се крие гневот, а кога ќе видат многу гнев, значи дека одоздола има тага!