Молитви кон свети Јован Претеча и Крстител

Loading

Крстителу Христов, проповеднику на покајанието, не презирај ме мене кој се каам, но, заедно со небесните војски, моли се пред Владиката Христос за мене недостојниот, мрзливиот, немоќниот и натажениот, бидејќи паднав во многу неволји, обременет од многу бурни помисли во мојот ум. Бидејќи станав разбојничка пештера, не можејќи да ставам крај на гревовните навики, бидејќи мојот ум е прикован за земни работи. Не знам што да правам, и кон кого да прибегнам, за да биде спасена мојата душа, освен кон тебе, свети Јоване, истоименит со благодатта, бидејќи ти си се удостоил да ја допреш главата на Христос царот на сите, Кој ги зеде гревовите на сиот свет, Јагнето Божјо. Него моли Го за мојата грешна душа, та отсега, во единаесеттиот час, да ја понесам малата тежина и да примам награда со последните.

*

Крстителу Христов, чесен Претечо, последен Пророку, прв по благодат маченику, на испосниците и пустиножителите наставнику, учителу на чистотата и близок другар Христов, тебе те молам, и кај тебе прибегнувам, не ме отфрлај од твоето застапништво, но исправи ме мене кој паднав во многу гревови, обнови ја мојата душа со покајание, како со второ крштение, бидејќи и на обете си началник, со крштението миејќи ги гревовите, а проповедајќи го покајанието за очистување на секое нечисто дело; очисти ме мене, извалканиот од многу гревови, и направи да влезам онаму, каде што ништо нечисто не влегува – во Небесното Царство. Амин.

Превод од руски јазик: Свештеник Јани Мулев

Не кради, сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *