Елефтериос Елефтеријадис, психолог
Како „болен“. Така да го третираш човекот кој те повредува… И ќе можете да продолжите мирно, спокојно, давајќи простор во гневот.
Ниту еден овошен плод не се јаде целосно. Секој плод има лушпа, семки, кочан или скапани делови кои треба да ги исчистиш за да можеш да уживаш во плодот.

Така е и со луѓето. Така е во меѓусебните односи. Ќе има моменти кога некој ќе го покаже целото зло во себе, ќе те повреди, ќе те вознемири, ќе покаже егоизам, противење, скапано однесување. Расипаност. Болести.
Не давај значење. Покажи љубов, покажи трпение. Третирај го како „болен“ во овие негови грешки. Како што на еден човек слаб, изнемоштен, болен, би му простил полесно за неговите грешки и слабости, прави го истото и со грешките на тој човек. Твојот сопруг/а, пријател, брат, родител.
Тоа е слабост. Тоа е првиот знак. Едно парче од него е болно…
Оправдај го.
Како „болен“… Така да го третираш човекот кој те повредува. И ќе можете да продолжите понатаму мирно и спокојно.
Така ќе можете со љубов, да дадете простор во гневот.
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев